Нови паркинг зони во Аеродром и Центар од 01.06.2019

Ве известуваме дека од утре, сабота 01.06.2019, ЈП Градски паркинг- Скопје

ќе отпочне со работа на две нови паркинг зони.

Едната  зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје и Кале.

Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 ден.

При паркирање, потребно е да се испрати СМС порака на бројот 144 144, со содржина:

Пр. „Б10 СК1234АА“, односно: зона, празно место, регистарска ознака.

При напуштање на паркинг зоната, потребно е да се испрати СМС порака со содржина: „С“,

со цел стопирање на активната паркинг сесија. Во спротивно, ќе се изврши наплата со автоматското исклучување

на паркинг сесисијата  на наведената зона.

Напоменуваме дека СМС пораките треба да бидат испишани на латинично писмо

и испратени исклучиво од мобилен телефонски број на македонски оператор.

Другата зона што исто така ќе отпочне со работа од утре, сабота 01.06.2019 год.,

е паркинг зона Д2, лоцирана кај Три Бисери- Аеродром. 

Зона Д2 ќе биде за комерцијална употреба: час паркирање, со цена од 25ден/ч.

Исто така, ќе се издаваат и дозволи за паркирање за вработени, правни и физички лица, како и за станари.

Сите наведени категории на корисници за да се стекнат со право на паркирање,

потребно е да достават комплетна документација во канцелариите на Кол Центар Аеродром- позади ТЦ Бисер

во период од 01.06-30.06.2019.   

Работното време на зоните ќе биде од 07:00-23:00ч од понеделник- сабота. 

За сите потребни информации за зона Б10, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 321 55 66.   

За зона Д2, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 244 33 66.