ЈП „Градски паркинг- Скопје“ започнува кампања под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ и анкета за корисници со цел подобрување на паркинг услугите


Ја известуваме јавноста дека денес ЈП „Градски паркинг – Скопје“ започна кампања под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите! со цел да ги охрабриме граѓаните и корисниците на паркинг услугите секој од нив да пријави неправилности во рамки на работењето на претпријатието, како што се: неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и сл.,  на следните начини:

-          Телефонски, со повик на 0800 11 300 или

-          Писмено на емаил: infogradski@gradskiparking.com.mk

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг- Скопје“ нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување.

Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.

Секое пријавување ќе биде  детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање.

Истовремено, започнуваме со спроведување анономина анкета на корисниците на паркинг услугите на јавните паркиралишта и катните гаражи. Анкетниот прашалник содржи три прашања, а по пополнувањето, корисниците ќе може да ги остават своите одговори во кутии. Кутии се поставени на сите наплати пунктови на јавните паркиралишта и катните гаражи. Кон анкетата со своја поддршка се приклучи и бистро бар „Љубовна куќичка“.

Делењето на флаери и анкети од страна на вработените во претпријатието ќе се одвива континуирано три дена, од 17.05.2022 – 19.05.2022 година, а корисниците ќе може да ги најдат анкетните прашалници и на наплатните пунктови во рок од 10 дена т.е до 27.5.2022.  Кампањата беше  отворена од страна на раководството на ЈП „Градски паркинг– Скопје“, во присуство на в.д. директорот Бојан Христовски, на јавното паркиралиште  „Градска општа болница“.

Сметаме дека анкетите кои содржат прашања за задоволството од услугите на претпријатието, ќе придонесат за подобрување на целокупната организација на сообраќајот во мирување на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието. Поради ова, повикуваме на што поголем одзив, односно корисниците на паркинг услугите, да одговорат на анкетните прашалници и истите да ги остават на наплатните пунктови во текот на наредните 10 дена.