ИЗВЕСТУВАЊЕДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА Д2


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, почнувајќи од 09.07.2019 година (Вторник)

ќе започне со уредување на паркинг просторот поточно, ќе се спроведува акција на сечење гранки на

јавната површина наменета за паркирање зона Д2.

Акцијата на сечење трули гранки од јавните зелени површини и уредување на паркинг просторот

наменет за паркирање зона Д2 ќе се спроведува во текот на неколку дена,

а за наведениот период, Јавното претпријатие Ве замолува за соработка и разбирање.

При користење на услугата да обрнете внимание при паркирање на Вашите возила.


За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.