23.10.2022
Работно време на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“- Скопје на Денот македонската револуционерна борба, 23 Октомври
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, (недела) државен празник, неработен ден е наредниот ден т.е. 24 октомври (понеделник) и од таа причина на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно.
Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври.