ЕДНО ВОЗИЛО- ЕДНО ПАРКИНГ МЕСТО!ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“- СКОПЈЕ СО АПЕЛ ДО КОРИСНИЦИТЕ: ПАРКИРАЈТЕ ПРОПИСНО И ОДГОВОРНО

Непрописното и неодговорното паркирање т.е. едно возило на две паркинг места е главната причина за намалениот број слободни места за паркирање.

Поради тоа апелираме до корисниците да се однесуваат совесно и одговорно во сообраќајот, особено при паркирање на своите возила да бидат внимателни и да паркираат во рамки на означените паркинг места. Со тоа правилно и рационално ќе се искористи целиот паркинг простор, наместо беспотребно да се окупира повеќе од едно место и ќе се овозможи подобар проток на возила на паркиралиштето.

Упатуваме апел до сите корисници на паркиралиштата со кои стопанува ЈП „Градски паркинг“- Скопје: Паркирајте совесно и одговорно-  Едно возило- едно паркинг место!