ПОСТАВЕНИ НАТСТРЕШНИЦИ НА КУЌАРКИТЕ ЗА НАПЛАТА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И СЛУЖБАТА НА СЕКТОР „ПАЈАК“
На наплатниот центар на Клинички центар „Мајка Тереза“ - Скопје, како и на благајната во службата на сектор „Пајак“ при ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се вградени натстрешници со цел заштита од дожд и сонце на корисниците.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, секојдневно работи на подобрување на условите за користење на јавните градски паркиралишта.