ЗАПОЧНАА ПРОЕКТИТЕ: „ЕЛЕКТРОМОБИЛИ“ И „ИЗНАЈМИ ЕЛЕКТРОВЕЛОСИПЕД“

Јавното претрпијатие Градски паркинг – Скопје ги известува сите граѓани дека на 09.07.2014 година, ги стави во функција десетте електровелосипеди и петте електромобили.

За реализација на проектот „Електромобили“ поставени се 5 стојалишта од каде граѓаните ќе можат да ја отпочнат турата за туристичко разгледување, што ќе трае 20 минути. Исто така, поставени се инфо табли со условите и маршутата на турата. Петте стојалишта се:

Локација 1 – Спомен обележје Мајка Тереза,

Локација 2 – Плоштад Македонија,

Локација 3 – Порта Македонија,

Локација 4 – Споменик Филип II Македонски,

Локација 5 – Мост Око.

Електромобилите се управувани од возачи, кои истовремено се обучени како туристички водичи и ќе им овозможат на граѓаните претставување на културно- историските споменици и туристичките локалите. Капацитетот на еден електромобили е вкупно 4 патници, вклучувајќи го и возачот.

Електровелосипедите ќе можат да се изнајмат и да се вратат само на Плоштад „Македонија“, до продавницата за сувенири. Услов за да се изнајми електровелосипед е претходно, пред самото изнајмување, да се пополни Барање каде ќе се наведат лични податоци и ќе се приложи лична карта на увид. Право на изнајмување на електровелосипед имаат само лица постари од 22 години.