ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, започна двонеделна генерална акција на чистење на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Вработените се на терен на сите отворени и затворени паркиралишта, каде освен редовното чистење од смет, истовремено ги уредуваат површините, косејќи ја нараснатата трева.

Ги известуваме корисниците на јавните паркиралишта дека, доколку се јави потреба од преместување на одредено возило поради работните активности, соодветно ќе бидат контактирани.