Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг – Скопје, ги известува сите граѓани и корисници на услугите дека согласно Одлука за изменување и дополнување на Ценовникот на услугите кои ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје со арх. бр.02-496/9 од 05.11.2014 година утврдена е нова цена за категорија вработен во правен субјект.

Новата цена изнесува:

-Категорија вработен во правен субјект за услуга паркирање на: јавните површини наменети за паркирање – зонски паркиралишта и јавни паркиралишта – паркиралишта со влезно-излезна рампа: 800 денари месечно;
-Категорија вработен во правен субјект за услуга паркирање во: Катни гаражи: 1000 денари месечно.

Ве молиме да ги земете во предвид новите цени за паркирање за горенаведената категорија.

За подетални информации обратете се во колцентрите на ЈП Градски паркинг – Скопје на телефонските броеви:

-Колцентар Центар 02- 321- 5566

-Колцентар Аеродром 02- 244- 3366

-Колцентар Илинден 02- 329- 8210