14.03.2022

СРЕДБА СО ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски, со претставници од претпријатието и со Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцински, денеска одржаа средба со граѓани во Општина Аеродром.


Главна тема на средбата беше разгледување на проблемите поврзани со услугата паркирање за станарите во делот кај Три Бисери и улиците Милан Зечар и Методија Шаторов Шарло.


Градоначалникот Муцински и Директорот Христовски, сметаат дека треба да се изнајде решение со кое ќе се овозможи и станарите на посочените локации, да се стекнат со станарска дозвола за паркирање. Правото на паркирање за категоријата „станар“ го имаат останатите граѓани од оваа општина на чии адреси е воведено зонско паркирање.  


Во насока на изнаоѓање решение, Муцински и Христовски се заложија за изнаоѓање брзо и соодветно решение, кое ќе биде во корист на граѓаните и корисниците на паркинг услугите.