ИЗМЕНА ВО ЦЕНОВНИКОТ НА УСЛУГИ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ СКОПЈЕ

Почитувани корисници на услугата за паркирање во категорија вработен во правен субјект,

ве известуваме дека согласно Одлука за измена на Ценовникот на услугите кои што ги извршува

ЈП Градски паркинг Скопје, како и Одлука за давање на согласност на Одлука за измена на

Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг Скопје донесена од страна на

Совет на Град Скопје на 09.12.2020 и објавена во Службен гласник на Град Скопје број 14/2020,

цената на месечната претплата за користење на повластена дозвола за паркирање во категорија

 вработен во правен субјект, во катните гаражи „БЕКО“ и „26 ЈУЛИ“ ќе изнесува 2000 ( две илјади ) месечно.