ЈП Градски паркинг- Скопје организираше крводарителска и донаторска акција по повод 20 годишнината од основањето на претпријатието


Јавното градско претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје преку поддршка и организација на два настани ја покажа својата силна волја да помогне на оние граѓани на кои им е неопходна помош. Славејќи ја јубилејната дваесетгодишнина на претпријатието, организиравме крводарителска и донаторска акција. 

На крводарителската акција организирана од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, крв даруваа вработени во претпријатието. Им благодариме на колегите за желбата да спасат нечиј живот!

Истo така, „Градски паркинг“ - Скопје додели донација во висина од 30.000 денари за набавка на храна, средства за хигиена и лекови на Здружението на граѓани „Љубезност“ од Скопје. Во рамките на оваа донација, активно учествуваа и нашите колеги – претставници кои беа во посета на неколку домови и доделија пакети со неопходни намирници на социјално загрозени семејствa.

Покрај овие два настани, не смеевме да ги заборавиме нашите вработени кои преку својата лојалност и труд постигнале најдолг работен стаж во ЈП Градски Паркинг Скопје. Симболично, првите 20 вработени во претпријатието ќе добијат награда во форма на паричен надомест со ноемвриската плата.

Им благодариме на нашите колеги и на сите граѓани што веруваат во нас како јавен сервис веќе 20 години. Ве уверуваме дека нашата мисија и цел не запираат тука.