ИЗВЕСТУВАЊЕДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА Б2 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, на ден 17.10.2019 година (четврток)

ќе го уредува паркинг просторот односно, ќе врши бележење на паркинг местата на јавната површина наменета за паркирање зона Б2.

Заради горе наведената причина, ги молиме сите корисници на услуги на оваа јавна површина наменета за паркирање- зона,

во тек на наредниот ден, за времетраење на оваа активност, да не ги паркираат своите возила на споменатата зона.

Корисниците кои имаат месечни односно, годишни дозволи за користење на услугата паркирање,

своите возила ќе можат да ги паркираат на соседната зона B3 или во Катна Гража „26 Јули“. 

Јавното претпријатие Ви благодари на разбирањето и соработката. 

За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.