Акција за чистење на јавно паркиралиште Клинички Центар Мајка Тереза

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје редовно спроведува акции за чистење на јавните паркиралишта и

јавните површини со кои стопанисува претпријатието.

Овој пат акцент се стави на чистење на јавното паркиралиште Клинички Центар „Мајка Тереза“,

кое беше опфатено во целост.

Во акцијата целосно се отстрани сметот од паркинг површините на паркиралиштето

и целосно беа исчистени сите површини околу влезно- излезните рампи. 

Во акцијата за чистење беа вклучени вкупно 13 вработени лица од претпријатието.

Јавното претпријатие апелира до корисниците на јавните паркиралишта да не го фрлаат џебниот смет на паркинг местата.

Со тоа ќе се придонесе за одржување на хигиената на паркиралиштата,

како и за зачувување на животната средина. 

cistenje klinicki Jan2020-1 cistenje klinicki Jan2020-2

cistenje klinicki Jan2020-3cistenje klinicki Jan2020-4