Известување за промена на електронски картички на јавните паркиралишта и катни гаражи

 

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на паркинг услига на јавните паркиралишта со рампа и на катните гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека започнувајќи од 01.07.2017 во употреба ќе бидат нови електронски картички.

Доколку сакате да подолжите со користење на услугата паркирање, потребно е да ги ажурирате Вашите податоци и да потпишете нов Договор за користење на услугата, при што старата чип картичка ќе биде заменета со нова. 

Потребни документи при склучување нов Договор и промена на картичката се:

1. Категорија Станар: лична карта на увид и сообраќајна дозвола.

2. Категорија Вработен кај правен субјект: Лична карта на увид, сообраќајна дозвола, потврда за редовен работен однос, образец М1/М2 на увид и тековна состојба од ЦРМ на увид.

3. Категорија правен субјект: Сообраќајна дозвола, тековна состојба од ЦРМ на увид, барање на меморандум со прилог список на сообраќајните дозволи од возилата на барателите на услугата.

4. Категорија Физичко лице: Лична карта на увид и сообраќајна дозвола.

 

Се повикуваат сите корисници кои сакаат да продолжат со користење на услугата паркирање на наведените паркиралишта, заклучно со 30.06.2017 да извршат промена на картичката во просториите на ЈП Градски паркинг- Скопје, на ул. Ѓуро Стругар, бр. 15а, Скопје.