ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ОТВОРЕН ДЕН ВО КАНЦЕЛАРИЈА КАРПОШ

Земајќи го во предвид фактот за зголемениот интерес кај граѓаните за започнатото зонско паркирање на територија на Општина Карпош, а во рамки на активностите за транспарентност кон граѓаните и корисниците на паркинг услугите, 
ЈП „Градски паркинг” – Скопје организира „Отворен ден“ во просториите на канцеларија Карпош, лоцирана на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3. 

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да дојдат и да се информираат околу начинот на работа на ново уредената паркинг зона- Д42, условите за паркирање, категориите на корисници, потребните документи, цените на услугите и сл. 

Отворениот ден ќе се организира во сабота, 16.03.2024 година, во период од 10:00-14:00 часот, во просториите на канцеларија Карпош. 

Ве очекуваме!