Начини за наплата на услугата паркирање на зонско на ЈП „Градски паркинг“- Скопје


При користење на паркинг услугите на зонско за час паркирање, ЈП „Градски паркинг“- Скопје, на своите корисници им нуди можност за наплата на услугата преку повеќе начини на наплата. Покрај најкористениот начин- испраќање СМС порака на телефонскиот број 144 144, претпријатието им нуди можност на своите корисници, плаќањето да го извршат едноставно, брзо и паметно, преку користење на QR код и преку апликацијата Parking.mk, достапна за сите андроид и ИОС мобилни уреди.  

При користење на еден од паметните начини на наплата, на корисниците им се нуди можност за сигурна и навремена наплата, регистрација со емаил адреса, известување за завршување на паркирањето, зачувување на регистарската таблица и сл. Се што е потребно да направат корисниците е следното:

-Да ја инсталираат Parking.mk- мобилна апликација достапна на сите андроид и ИОС оперативни системи, со што корисниците добиваат можност за едноставно и брзо плаќање. Потребно е да се внесат податоците за регистрација на возилото и платежна картичка, а користејќи ја апликацијата, преку ГПС системот се добива можност за прецизно утврдување на локација т.е. зоната на паркирање. Исто така, апликацијата нуди можност за плаќање за паркинг услуга за повеќе возила истовремено, како и преглед на претходни паркирања 

- Скенирање на QR код- поставен на информативните табли на влез и излез од паркинг зоните, со што корисниците добиваат можност за внесување на времетраењето на паркирањето, регистрација на возилото и платежна картичка. Апелираме до корисниците на нашите паркинг услуги на зонско, покрај најкористениот начин за наплата- СМС пораки, да ги користат и останатите можности за наплата, со што уредно и навремено ќе го регилираат плаќањето.