Работно време за новогодишните и божиќните празници

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека за време на новогодишните и божиќните празници, поточно на 1.1.2024 (Нова година) и 8.1.2024 (прв ден Божик) на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:

-          Зона А0- Водно,

-          Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им ги честита новогодишните празници со желби за добро здравје, мир и благосостојба.