Работно време на јавните површини наменети за паркирање- зонско и јавните паркиралишта наменети за паркирање за време на државниот празник „Св. Климент Охридски“


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека за време на државниот празник „Св. Климент Охридски“, на 8 декември (петок), на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата. 

Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:

-          Зона А0- Водно,

-          Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита државниот празник „Св. Климент Охридски“.