Ново работно време во канцеларии Аеродмор и Карпош


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје  врши промена на работното време на административните канцеларии во подрачјето на општините  Карпош и Аеродром.

Новото работно време во канцеларија Карпош и канцеларија Аеродром, што ќе започне да се применува од 1.4.2024 год. ќе биде:

- понеделник- петок: 08:00-20:00 часот и

- сабота: 09:00- 17:00 часот.

Им апелираме на корисниците на услугите на јавните површини наменети за паркирање- зонско, опфатени во зоните на територија на општините Карпош и Аеродром, да се обратат за сите потребни информации и доставување документација согласно новото работно време.