ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ 

Градот Скопје и ЈП Градски паркинг-Скопје, во соработка со останатите градски претпријатија, денеска започнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје, во акцијата „За почисто Скопје“ вклучи голем број од своите вработени, како од администрацијата така и од давателите на јавни услуги. 

Во акцијата за чистење опфатени беа јавните паркиралишта:

Треска, Народен Фронт, АМСМ, Нова Македонија, зони: Б2, Б3, А1, А3, А4, А5, А6, Б6, Ц33, Градска Болница, Кочо Рацин, Тутунски Комбинат, ЗОИЛ и Илинден.