ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗОНА Д2


Ве известуваме дека Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје  наскоро започнува со организирање на сообраќајот во мирување на ново оспособената јавна површина наменета за паркирање на која ќе се применува зонски систем на работа- подзона Д2 на која се пристапува од бул. „Јане Сандански“, бул. „АВНОЈ“ и ул. „Васко Карангелески“ во склоп на Општина Аеродром.На станарите и правните лица кои гравитираат во непосредна близина на јавната површина „Три Бисери“ на која е утврден зонскиот систем на работа, им се нудат ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ЗОНА.
Повластено паркирање за станари односно, правни лица, кои што имаат живеалиште односно, седиште во границите на чии парцели паркирањето не е решено, може да им се утврдат повластени услови за паркирање на возилата на јавните површини наменети за паркирање кои што се во непосредна близина. Во поглед на бројот на возилата, траењето на паркирањето и цената на услугата им се издава повластен паркинг билет. Цената на повластениот паркинг билет за категоријата корисник станар услугата не се наплатува додека за останатите категории Ве молиме да се обратите во Кол центар Аеродром 
За да се стекнете со повластен паркинг билет потребни документи кои треба да ги доставите до ЈП Градски Паркинг- Скопје доколку сте станар се следни: 1. Лична карта- фотокопија (оригинал на увид);2. Сообраќајна дозвола- фотокопија (оригинал на увид);3. Пополнета Согласност за користење на лични податоци:4. Пополнето Барање за стекнување повластени услови за паркирање во зона.
Правен субјект кој со своето седиште гравитира во зоната за да се стекне со повластен паркинг билет, потребни документи кои треба да ги достави до Јавното Претпријатие се следни: 1. Тековна состојба;2. Список на возила (службени) кои ќе го користат паркинг просторот;3. сообраќајни дозволи на возилата (фотокопија);4. пополнето Барање за стекнување повластени услови за паркирање во зони 
Рокот за евидентирање во систем изнесува 60 (шеесет) дена. Доставата на потребните документи може да ја извршите во просториите на Јавното претпријатие, на адреса: бул. „Јане Сандански“ број 74А, Скопје (во третата кула зад пазарот) од 09:00 до 16:00 часот. Инфо линијата за зонско паркирање е 02/244 33 66;