Катна гаража

На ден 08, Септември, 2013 година, официјално се пушти во употреба новата катна гаража „Македонска фаланга“ лоцирана во централното градско подрачје, на местото на стариот цветен пазар, во непосредна близина на Музеј на Град Скопје.

Катната гаража располага со вкупно 445 паркинг места и е прво паркиралиште од овој тип со кое стопанисува ЈП Градски паркинг - Скопје.