РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКИРАЛИШТЕТО НА ГРАДСКА БОЛНИЦА???????

Во рамки на тековното одржување на јавните површини наменети за паркирање, ЈП Градски паркинг - Скопје започна со реконструкција на паркиралиштето на Градска болница. Реконструкцијата се врши со гребење и ново асфалтирање на површините за паркирање,а истовремено во тек е и средување на зелената површина и кaстрење на дрвата.Во акцијате се вклучени екипи на ЈП Улици и патишта како и на ЈП Паркови и зеленило.