Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА А3

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, на ден 09.07.2019 година (Вторник) ќе врши бележење на паркинг местата и уредување на паркинг просторот на јавната површина наменета за паркирање зона А3. 

Согласно горенаведеното, ги молиме сите корисници на услуги на оваа јавна површина наменета за паркирање, во текот на целиот ден, да не ги паркираат своите возила на наведената зона. 
Јавното претпријатие Ви благодари на разбирањето и соработката. 

За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.

ИЗВЕСТУВАЊЕДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА Д2


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, почнувајќи од 09.07.2019 година (Вторник) ќе започне со уредување на паркинг просторот поточно, ќе се спроведува акција на сечење гранки на јавната површина наменета за паркирање зона Д2.

Акцијата на сечење трули гранки од јавните зелени површини и уредување на паркинг просторот наменет за паркирање зона Д2 ќе се спроведува во текот на неколку дена, а за наведениот период, Јавното претпријатие Ве замолува за соработка и разбирање. При користење на услугата да обрнете внимание при паркирање на Вашите возила.


За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.

Нови паркинг зони во Аеродром и Центар од 01.06.2019

Ве известуваме дека од утре, сабота 01.06.2019, ЈП Градски паркинг- Скопје ќе отпочне со работа на две нови паркинг зони. Едната  зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје и Кале. Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 ден. При паркирање, потребно е да се испрати СМС порака на бројот 144 144, со содржина:

Пр. „Б10 СК1234АА“, односно: зона, празно место, регистарска ознака.

При напуштање на паркинг зоната, потребно е да се испрати СМС порака со содржина: „С“, со цел стопирање на активната паркинг сесија. Во спротивно, ќе се изврши наплата со автоматското исклучување на паркинг сесисијата  на наведената зона.

Напоменуваме дека СМС пораките треба да бидат испишани на латинично писмо и испратени исклучиво од мобилен телефонски број на македонски оператор.

Другата зона што исто така ќе отпочне со работа од утре, сабота 01.06.2019год., е паркинг зона Д2, лоцирана кај Три Бисери- Аеродром.  Зона Д2 ќе биде за комерцијална употреба: час паркирање, со цена од 25ден/ч. Исто така, ќе се издаваат и дозволи за паркирање за вработени, правни и физички лица, како и за станари. Сите наведени категории на корисници за да се стекнат со право на паркирање, потребно е да достават комплетна документација во канцелариите на Кол Центар Аеродром- позади ТЦ Бисер во период од 01.06-30.06.2019.   

Работното време на зоните ќе биде од 07:00-23:00ч од понеделник- сабота. 

За сите потребни информации за зона Б10, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 321 55 66.   

За зона Д2, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 244 33 66.   

 

Известување за летно работно време

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.06.2018 година започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје.

повеќе...

Известување за промена на електронски картички на јавните паркиралишта и катни гаражи

 

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на паркинг услига на јавните паркиралишта со рампа и на катните гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека започнувајќи од 01.07.2017 во употреба ќе бидат нови електронски картички.

Доколку сакате да подолжите со користење на услугата паркирање, потребно е да ги ажурирате Вашите податоци и да потпишете нов Договор за користење на услугата, при што старата чип картичка ќе биде заменета со нова. 

повеќе...

ВНИМАТЕЛНА ЗАЕДНИЦА Е БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА!

Под мотото: „ВНИМАТЕЛНА ЗАЕДНИЦА Е БЕЗБЕДНА ЗАЕДНИЦА“, Министерството за внатрешни работи во соработка со ЈП Градски паркинг- Скопје, одржа едукација на корисниците на јавните паркиралишта, со цел подигање на нивната свест да не оставаат вредни предмети на видливи места во нивните автомобили.

повеќе...

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА

ЈП Градски паркинг- Скопје активно спроведува акции за чистење на јавните паркиралишта и на катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. 

Овој пат, акциите вклучуја машинско метење на јавните паркиралишта АМСМ и Нова Македонија, машинско метење на влезот и излезот на Катна гаража „Тодор Александров“ како и на сервисната улица во катната гаража. 

повеќе...

Известување за проектот „Изнајми велосипед 2017“

 

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од утре, 1ви Април, 2017 година, ќе отпочне со работа проектот „Изнајми велосипед“. Велосипедите ќе може да се изнајмат на 5 (пет) локации и тоа:

- Катна гаража „Македонска Фаланга“,

- Јавно паркиралиште Градска Болница,

- Јавна површина наменета за паркирање зона Д40 (Градска Болница „8ми Септември“),

- Јавна површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер)- Општина Аеродром и

- Јавно паркиралиште Треска.

повеќе...

НАБАВЕНИ СЕ НОВИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА И КАТНИТЕ ГАРАЖИ 

ЈП Градски паркинг- Скопје во текот на месец март, 2017 година, реализираше набавка на три машини за чистење на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Едната машина односно Возило за водено чистење на ѓубре и вшмукување на лисја за рамни и нерамни јавни површини за паркирање, пешачки површини, тротоари и велосипедски патеки е италијанско производство, од брендот Дулево (DULEVO) и е наменета за чистење на јавните паркиралишта.

повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ

Јавното претпријатие Градски Паркинг-Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2016 година започнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието. 

повеќе...

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРКИРАЛИШТЕТО НА ГРАДСКА БОЛНИЦА

 Во рамки на тековното одржување на јавните површини наменети за паркирање, ЈП Градски паркинг - Скопје започна со реконструкција на паркиралиштето на Градска болница. Реконструкцијата се врши со гребење и ново асфалтирање на површините за паркирање,а истовремено во тек е и средување на зелената површина и кaстрење на дрвата.Во акцијате се вклучени екипи на ЈП Улици и патишта како и на ЈП Паркови и зеленило.

повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ 

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.06.2016 година започнува летното сметање на работното време

повеќе...

Светско признание за архитектонско ремек дело на катната гаража „Св.Кирил и Методиј“

Архитектонското дело, катна гаража Св. Кирил и Методиј, на групата автори Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Александар Радевски, Никола Стрезовски и Дамјан Момировски, во соработка со Милан Мијалковиќ, авторот на фасадата, од фирмата ППАГ од Австрија, следејќи го барокниот стил претставен во денешно време, успеаја да го вбројат своето ремек дело меѓу првите пет архитектонски решенија во групата паркинг објекти на „Платформата за архитектура и дизајн Архитајзер“ на светско ниво.

повеќе...

На 01 Декември 2015 година ЈП Градски паркинг- Скопје официјално ја стави во употреба катната гаража „Тодор Александров“, втор објект од ваков тип.

Изградбата и пуштањето во употреба на овој објект е резултат на заложбите за решавање на проблемот со паркирањето во централното градско подрачје и истиот е лоциран во строгиот центар, на ул. „Даме Груев“ бр. 14, во непосредна близина на ТЦЦ Плаза. 

повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА ЦЕНОВНИКОТ НА УСЛУГИ

ЈП Градски паркинг - Скопје ги известува своите корисници од категоријата „Станар“ дека согласно Одлука на Советот на Град Скопје од 22.05.2015 година, корисниците кои влегуваат во категоријата „Станар“, а користат службено возило 24 часа, за услугата треба да плаќаат месечен надомест од 300 денари. 

Наведената Одлука ќе се спроведува од 01.06.2015 година.

повеќе...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ЦЕНОВНИКОТ НА УСЛУГИ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ - СКОПЈЕ ЗА КАТЕГОРИЈАТА: ВРАБОТЕН ВО ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг – Скопје, ги известува сите граѓани и корисници на услугите дека согласно Одлука за изменување и дополнување на Ценовникот на услугите кои ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје со арх. бр.02-496/9 од 05.11.2014 година утврдена е нова цена за категорија вработен во правен субјект.

повеќе...

ЗАПОЧНАА ПРОЕКТИТЕ: „ЕЛЕКТРОМОБИЛИ“ И „ИЗНАЈМИ ЕЛЕКТРОВЕЛОСИПЕД“

Јавното претрпијатие Градски паркинг – Скопје ги известува сите граѓани дека на 09.07.2014 година, ги стави во функција десетте електровелосипеди и петте електромобили.

За реализација на проектот „Електромобили“ поставени се 5 стојалишта од каде граѓаните ќе можат да ја отпочнат турата за туристичко разгледување, што ќе трае 20 минути. Исто така, поставени се инфо табли со условите и маршутата на турата. Петте стојалишта се:

Локација 1 – Спомен обележје Мајка Тереза,

Локација 2 – Плоштад Македонија,

Локација 3 – Порта Македонија,

Локација 4 – Споменик Филип II Македонски,

Локација 5 – Мост Око.

повеќе...

Електровелосипеди

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека и оваа година претпријатието, во соработка со основачот Град Скопје, реализираше активности за подобрување на проектот „Скопје изнајми велосипед“. За таа цел оваа пролет официјално ќе се пуштат во употреба ново набавените електо велосипеди како и сите 250 велосипеди со кои располага претпријатието. Градски паркинг за сезоната која ни предстои набави 10 електро велосипеди со што се зголеми и обнови возниот парк.

повеќе...

ЕЛЕКТРОМОБИЛИ- CITY ELECTRO MOBIL

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје континуирано работи на целосна имплементација на „Еко проектот“ кој е уште познат и како „Грин проект“ кој вклучува набавка на нови велосипеди, со систем за самоизнајмување, и елетромобили. Оваа фаза на имплементација на „Грин проектот“ ќе го опфати проектор Електромобили т.е. CITY ELECTRO MOBIL коj претставуваат значаен новитет, како за претпријатието така и за Град Скопје и граѓаните.

повеќе...

ISO 9001-2008- Систем за менаџмент со квалитет

На ден 21, ноември, 2013 година, ЈП Градски паркинг- Скопје се стекна со Сертификатот ISO 9001-2008, што претставува Ситем за менаџмент со квалитет.

повеќе...

Катна гаража

На ден 08, Септември, 2013 година, официјално се пушти во употреба новата катна гаража Св. „Кирил и Методиј“ лоцирана во централното градско подрачје, на местото на стариот цветен пазар, во непосредна близина на Музеј на Град Скопје.

повеќе...

1  

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2019 год. (вторник) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П Градски паркинг – Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

- Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.


На  јавната површина наменета за паркирање зона Д работното време останува исто, односно:- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА А3, Б2 И Б3

Акција за чистење на јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП Граски паркинг- Скопје се спроведе во саботата (12.04.2019) и денес понеделник (15.04.2019) и тоа на паркинг зоните А3, Б2 и Б3 лоцирани во централното градско подрачје. Во акцијата за чистење акцент се стави на чистење на паркинг површините, отстранување на лисјата и подигнување на комуналниот отпад.  Во акцијата вклучени беа вработените на ЈП Граски паркинг- Скопје, а при извршувањето на чистењето се користеше и возило за чистење на смет.

Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, м-р Борче Јакимовски истакна дека службите на претпријатието редовно вршат чистење на јавните паркиралишта со кои стопанисуваме, но исто така апелира до граѓаните и корисниците на нашите услуги, за подигање на нивната свест за почиста животна околина и да внимаваат отпадоците да ги фрлаат во корпите за отпадоци поставени во непосредна близина на секое паркиралиште, отпушоците од цигари да не ги фрлаат во близина на паркираните автомобили, со што сите би допринеле до почиста средина.

Претпријатието ќе продолжи редовно да спроведува акции за чистење.

 

 

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека зона А6, лоцирана на ул. „Максим Горки“ во строгиот центар на градот, ја трансформираше во зона А06. 

Исто така, известуваме дека со таа трансформација се направи и промена на цената на услугата за еден час паркирање и истата ќе изнесува 100 ден, и ќе се применува од 01.10.2018 година. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗОНА Д2


Ве известуваме дека Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје  наскоро започнува со организирање на сообраќајот во мирување на ново оспособената јавна површина наменета за паркирање на која ќе се применува зонски систем на работа- подзона Д2 на која се пристапува од бул. „Јане Сандански“, бул. „АВНОЈ“ и ул. „Васко Карангелески“ во склоп на Општина Аеродром.На станарите и правните лица кои гравитираат во непосредна близина на јавната површина „Три Бисери“ на која е утврден зонскиот систем на работа, им се нудат ПОВЛАСТЕНИ УСЛОВИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ЗОНА.
Повластено паркирање за станари односно, правни лица, кои што имаат живеалиште односно, седиште во границите на чии парцели паркирањето не е решено, може да им се утврдат повластени услови за паркирање на возилата на јавните површини наменети за паркирање кои што се во непосредна близина. Во поглед на бројот на возилата, траењето на паркирањето и цената на услугата им се издава повластен паркинг билет. Цената на повластениот паркинг билет за категоријата корисник станар услугата не се наплатува додека за останатите категории Ве молиме да се обратите во Кол центар Аеродром 
За да се стекнете со повластен паркинг билет потребни документи кои треба да ги доставите до ЈП Градски Паркинг- Скопје доколку сте станар се следни: 1. Лична карта- фотокопија (оригинал на увид);2. Сообраќајна дозвола- фотокопија (оригинал на увид);3. Пополнета Согласност за користење на лични податоци:4. Пополнето Барање за стекнување повластени услови за паркирање во зона.
Правен субјект кој со своето седиште гравитира во зоната за да се стекне со повластен паркинг билет, потребни документи кои треба да ги достави до Јавното Претпријатие се следни: 1. Тековна состојба;2. Список на возила (службени) кои ќе го користат паркинг просторот;3. сообраќајни дозволи на возилата (фотокопија);4. пополнето Барање за стекнување повластени услови за паркирање во зони 
Рокот за евидентирање во систем изнесува 60 (шеесет) дена. Доставата на потребните документи може да ја извршите во просториите на Јавното претпријатие, на адреса: бул. „Јане Сандански“ број 74А, Скопје (во третата кула зад пазарот) од 09:00 до 16:00 часот. Инфо линијата за зонско паркирање е 02/244 33 66;     

Летно работно време 

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.06.2019 година започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.


Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА А5- ДОПОЛНУВАЊЕ


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, на ден 15.06.2019 година (Сабота) ќе го уредува паркинг просторот поточно, ќе спроведува градежни активности на јавната површина наменета за паркирање зона А5. Исто така, 26.06.2019 (Среда) ќе врши бележење на паркинг местата и уредување на паркинг просторот на истата зона.

Заради горе наведената причина, ги молиме сите корисници на услуги за време на одвивање на градежните активности да не ги паркираат своите возила на наведената зона. Услугата ќе може да ја користите односно, да ги паркирате Вашите возила, во Катна гаража „БЕКО“. 

Особена молба, Јавното претпријатие упатува до станарите, корисници на оваа зона, своите возила да ги преместат во Катната гаража „БЕКО“ утре, на 14 Јуни (Петок), односно 25.06. (вторник) 2019 во вечерните часови.

Јавното претпријатие Ви благодари на разбирањето и соработката. 

За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.

ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ 

Градот Скопје и ЈП Градски паркинг-Скопје, во соработка со останатите градски претпријатија, денеска започнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје, во акцијата „За почисто Скопје“ вклучи голем број од своите вработени, како од администрацијата така и од давателите на јавни услуги. 

Во акцијата за чистење опфатени беа јавните паркиралишта:

Треска, Народен Фронт, АМСМ, Нова Македонија, зони: Б2, Б3, А1, А3, А4, А5, А6, Б6, Ц33, Градска Болница, Кочо Рацин, Тутунски Комбинат, ЗОИЛ и Илинден. 



ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ЗОНА Д2


Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува и потсетува корисниците на услугата паркирање: станари, вработени и правни/физички лица, на зона Д2- Аеродром, лоцирана на бул. Јане Сандански, кај Три Бисери, навремено да го регулираат нивниот статус на корисник. За таа цел, потребно е да достават комплетна документација во Кол Центар- Аеродром, лоциран позади ТЦ Бисер, најдоцна до петок 06.09.2019 до 20h. 


Исто така, ги информираме останатите корисници дека при секое паркирање, потребно е да испратат СМС порака на тел.бр. 144 144, со содржина, пр.: Д2 СК1234АА.


Напоменуваме, доколку корисниците не го регулираат нивниот статус, од вторник 10.09.2019, ќе започнеме со издавање на доплатни билети.

ИЗВЕСТУВАЊЕДО КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИ НА ЗОНА Б2 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје, на ден 17.10.2019 година (четврток) ќе го уредува паркинг просторот односно, ќе врши бележење на паркинг местата на јавната површина наменета за паркирање зона Б2.
Заради горе наведената причина, ги молиме сите корисници на услуги на оваа јавна површина наменета за паркирање- зона, во тек на наредниот ден, за времетраење на оваа активност, да не ги паркираат своите возила на споменатата зона. 
Корисниците кои имаат месечни односно, годишни дозволи за користење на услугата паркирање, своите возила ќе можат да ги паркираат на соседната зона B3 или во Катна Гража „26 Јули“.
Јавното претпријатие Ви благодари на разбирањето и соработката. 
За повеќе информации може да се обратите во инфо центарот, на контакт телефонот  02 321 55 66.