АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА А3, Б2 И Б3

Акција за чистење на јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП Граски паркинг- Скопје се спроведе во саботата (12.04.2019) и денес понеделник (15.04.2019) и тоа на паркинг зоните А3, Б2 и Б3 лоцирани во централното градско подрачје. Во акцијата за чистење акцент се стави на чистење на паркинг површините, отстранување на лисјата и подигнување на комуналниот отпад.  Во акцијата вклучени беа вработените на ЈП Граски паркинг- Скопје, а при извршувањето на чистењето се користеше и возило за чистење на смет.

Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, м-р Борче Јакимовски истакна дека службите на претпријатието редовно вршат чистење на јавните паркиралишта со кои стопанисуваме, но исто така апелира до граѓаните и корисниците на нашите услуги, за подигање на нивната свест за почиста животна околина и да внимаваат отпадоците да ги фрлаат во корпите за отпадоци поставени во непосредна близина на секое паркиралиште, отпушоците од цигари да не ги фрлаат во близина на паркираните автомобили, со што сите би допринеле до почиста средина.

Претпријатието ќе продолжи редовно да спроведува акции за чистење.