ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД

 

За проектот

Проектот „Изнајми велосипед“ е основан во заедничка соработка на градот Скопје, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје и Здружението на граѓани Еко Свест, на 18.07.2010 година. Проектот е воведен со примарна цел велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје. Исто така, целта на проектот е велосипедите да се употребуваат за рекреативни и туристички потреби како и за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт , а со тоа се придонесува и до заштита на животната средина.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје располага со 120 велосипеди.

Локација

Во имплементација на овој проект граѓаните на главниот град можат да изнајмат велосипед на пет локации во градот:

  • на јавното паркиралиште Треска
  • на јавното паркиралиште Градска болница
  • на јавното паркиралиште Општа Градска болница „8ми Септември“
  • во Општина Аеродром на зона D3 позади Трговскиот Центар Бисер
  • во катна гаража „Македонска фаланга“

Оваа бројка на постојки/ станици на кои можеше да се изнајми велосипед, во наредната, втора фаза од имплементација е во план постепено да се зголемува, во зависност од расположението и заинтересираноста на граѓаните и посетителите на градот. Исто така, предвидено е да се обезбедат поголем број на велосипеди, велосипеди со две седишта, да се воведе членство (месечно и годишно) со кое корисникот на услугата ќе се здобие со повластени услови при изнајмувањето и сл.

Интересен сегмент кај овој проект е можноста, велосипедот кој е изнајмен од една постојка, да биде вратен на друга. На пример, доколку корисникот изнајми велосипед од станицата во Аеродром истиот може да го врати на на јавното паркиралиште Треска или пак на постојката на јавното паркиралиште Треска.

Работен период

Проектот „Изнајми велосипед“ е во функција 6-7 месеци од годината. Проектот се става во повторна употреба во оној миг кога тоа ќе го дозволат временските услови, на пролет, а завршува на 31. Октомври секоја година. За почетокот и крајот на сезоната на изнајмување велосипеди, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје, преку сите печатени и електронски медиуми навремено ги известува граѓаните.

Ценовник

За да добиете информации во врска со ценовникот на услуги на јавните паркиралишта кликнете тука.