Акција за чистење на јавни паркиралишта и зонско 

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје редовно спроведува акции за чистење на јавните паркиралишта и

јавните површини со кои стопанисува претпријатието.

Овој пат, со акцијата за чистење опфатени беа јавните паркиралишта: Треска, Народен Фронт, Нова Македонија, АМСМ, Кочо Рацин,

а од зонските паркиралишта акцент се стави на следните зони: А01, А3, А4, Б2 и Б3.

Во акцијата целосно се отстрани сметот од паркинг површините на паркиралиштата

и целосно беа исчистени сите површини околу влезно- излезните рампи. 

Aкцијата за чистење ja спроведоа дел од вработените лица од претпријатието.

Исто така, апелираме до корисниците на нашите услуги да не го фрлаат џебниот смет на паркинг местата.

Со тоа ќе се придонесе за одржување на хигиената на паркиралиштата, 

како и за зачувување на животната средина.