Начин на наплата

Кога ќе се паркирате на некоја од јавните површини за паркирање-зона, наплатата за регулирање на парkирањето може да ја извршите на два начини и тоа:

  • ПРЕКУ СМС ПОРАКА:

- За почеток на паркирање: Испратете покара на телефонскиот број 144 144 со содржина:

Име на зона   празно место   регистрација на возило

Пр. Прифатливо:      А3  SK1234AB

Пр. Неприфатливо: A3 SK-1234-AB

                                       A3 SK___ 1234___AB

Откако ќе ја испратите СМС пораката почекајте додека добиете повратна СМС порака од операторот со содржина: „Паркирањето на возилото SK1234AB е дозволено.“, што означува правилно испишата порака и извршена уплата за паркирање.

Напомена! Не заминувајте од паркинг додека не добиете повратна СМС порака од операторот. Задолжително проверете дали сте добиле СМС порака за одобрување на паркирањето. Доколку не добиете повратна СМС порака или СМС порака со содржина „Вашето паркирање не е одобрено!“ обратете се во кол центарот на Ј.П Градски паркинг- Скопје. Во спортивно, Ј.П Градски паркинг- Скопје не сноси одговорност.

- За завршување на паркирањето: Испратете порака на истиот број, 144 144, со содржина:

„S“ (латинично „С“)

Пр. Прифатливо:                                                                                Пр. Неприфатливо:

           „S“                                                                           „СТОП“            „KRAJ“            „STOP“

Откако ќе ја испратите СМС пораката почекајте додека добите повратна СМС порака од операторот со содржина: Пр. „Паркирањето заврши на 10.10.2013 во 14:30. Вкупен надомест денари 45“, што означува правилно испишата порака и завршено паркирање.

** Цената на секоја порака е согласно ценовникот на услуги на Вашиот мобилен оператор.
** СМС пораките за паркирање треба да бидат испратени само од македонски број.

  • СО БИЛЕТ ЗА ПАРКИРАЊЕ Т.Е ГРЕБ КАРТИЧКА

Доколку се одлучите Вашето паркирање да го регулирате со билет за паркирање потребно е:

1. Билетот за паркирање т.е гребка да го купите од најблискато продажно место;
2. Изгребете ги полињата соодветни на месецот, датумот, часот и минутите на Вашето паркирање и
3. Поставете го билот на предното ветробранско стакло од Вашиот автомобил

ВАЖНО: Билетот мора да биде видливо поставен!
Во спротивно, неистакнувањето или непрописно користење на билотот подлежи на санкции согласно со Одлуката за јавни паркиралиште од значење за Град Скопје, (објавено во Службен весник на Р.М број 17/8)
Во случај кога корисникот на паркинг услугата не го регулира плаќањето на истата, подлежи на санкции согласно со Одлуката за јавни паркиралиште од значење за Град Скопје, (објавено во Службен весник на Р.М број 17/8) т.е поставување на блокатор.