Органи на управување
- Органи на управување: Со работа на Јавното претпријатие раководи Директор кого го именува, односно разрешува Градоначалник на Град Скопје.
в.д ДИРЕКТОР на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Михаил Петровски
УПРАВЕН ОДБОР на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Во Управниот одбор, Основачот именува односно, разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручни лица во областа на предметот на работење на јавното претпријатие имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на сите заедници.
Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот Одбор не може да биде подолг од четири години. Членството неможе да биде помало од пет односно, поголемо од петнаесет членови.
Управниот одбор на јавното претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на јавното претпријатие согласно законот.
НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Орган за вршење контрола на материјало- финансиско работење на Претпријатието е Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење.
Надзорниот одбор го именува односно разрешува Совет на Град Скопје со Решение за именување односно разрешување членови на Надзорен одбор.