Спроведена акција за чистење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање- зонско 

Во текот на минатата и оваа недела, службите на претпријатието спроведоа акција за чистење на дел од јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието. 

Со акцијата опфатени беа зоните: Ц19- кај универзална сала, Ц80 и Ц81 кај Градско собрание и ЗОО, Ц33 кај Транспортен Центар и А05- кај Мепсо и зона Д8 Аеродром.

Службите на претпријатието ги отстранија сметот и паднати гранки, а истовремено ги уредија јавните површини косејќи ја трвата и кастрејќи ги гранките кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот. 

Акцијата за чистење на јавните површини наменети за паркирање- зонско и јавните паркиралишта, ќе продолжи и понатаму, со цел редовно одржување на паркиралиштата.