ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДОТОЦИ ПО ПРОМЕНА НА СТАРИТЕ СО НОВИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

 

  Согласно важечките законски прописи во Р. Македонија, сопствениците на возила се должни да извршат промена

  на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK). Промените на старите регистарски таблички со нови,

  треба да се изврши најдоцна до 12.02.2024. Поради горенаведеното, ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува

  своите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање- зонско, од категориите:

  станар, вработен, правно лице и физичко лице, дека по направените промени на регистарските таблички, имаат

  обврска да извршат ажурирање на податоци и кај нас. Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на

  образецот „Пријава- одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид.

  Апелираме до сите корисници навремено да ги ажурираат податоците со што не би се соочиле со санкционирање

  од страна на службите на претпријатието.