ЈП „Градски паркинг“- Скопје врши бележење на паркинг места на јавните површини наменети за паркирање- зонско

Ги известуваме граѓаните дека вчера, ЈП „Градски паркинг“- Скопје започна со  бележење на паркинг местата на јавните површини наменети за паркирање- зонско. Бележењето ќе се одвива етапно, зона по зона, а се започна со зона Ц17, во Дебар Маало.

Денес, екипите на претпријатието се на терен на зона Д3 Аеродром, каде се очекува бележењето да заврши во текот на денот или најдоцна утре. Активности ќе продолжат на зона Б7, за што корисниците ќе бидат дополнително известени.

Исто така, ги замолуваме корисниците да бидат трпеливи и да имаат разбирање за тековните активности, од причина што по завршување на бележењето, ќе се добие подобра функционалност, паркинг местата ќе бидат прегледни, а паркирањето побезбедно.