ДЕТАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КАТНАТИТЕ ГАРАЖИ „БЕКО“ и „26 Јули“

Од страна на вработени во претпријатието т.е. во одделението за одржување, се спроведе акција за чистење на катните гаражи со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“– Скопје. 

Детално се чистеа обележаните паркинг места, пристапните влезови и излези, како и ходниците, скалите и просторот околу објектите.

Акции на детално чистење се спроведуваат редовно, со цел континуирано одржување на хигиената на паркиралиштата.