РЕДОВНА АКЦИЈА НА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ СКОПЈЕ – СЕ УРЕДУВА ПАРКИНГ ЗОНА Д3 ПОЗАДИ ТЦ „БИСЕР“


Денeс екипи на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, ja уредуваат паркинг зона Д3, која се наоѓа позади ТЦ „Бисер“ во Аеродром.


Оваа акција редовно се спроведува секоја среда и опфаќа кастрење на дотраените исушени гранки од дрвјата, како и подкастрување на гранките кои сметаат при паркирање на возилата, или евентуално би наштетиле на веќе паркирано возило.

Искастрените гранки се отстрануваат од паркиралиштето, со што се остава чист и уреден простор за движење и паркирање на возилата.


Соработката на двете претпријатија продолжува и понатаму со што се допринесува за чисти и безбедни јавни паркиралишта, односно подобри услови за корисниците на градскиот паркинг.