13.02.2023

ЈП „Градски паркинг“- Скопје организираше хуманитарна акција за Турција и Сирија

Вработените во ЈП „Градски паркинг“- Скопје организираа хумитарна акција за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес во Турција и Сирија, што се случи минатата недела. Својата хуманост ја истакнаа преку донирање финансиски средства со цел да им се помогне на настраданите граѓани во справување со последиците по катастрофалниот земјотрес.

Средствата од донацијата денес се уплатени на сметката за донации  на Црвен Крст на Р.Македонија за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Директорот Петревски изразува голема благодарност до сите вработени во претпријатието кои учествуваа во оваа акција и со својата солидарност дадоа поддршка со финансиски средства. 

Исто така, упатуваме апел до граѓаните да ја изразат својата хуманост и да донираат средства во висина од 100 денари со повик на телефонскиот број 143 400. 

ЈП „Градски паркинг“- Скопје е општествено одговорно претпријатие и ќе продолжи да придонесува секогаш кога е потребно за граѓани на кои им е неопходна помош.