Известување за работно време за празникот 2 Август- Илинден

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на денот на празникот 2 Август Илинден, 2.8.2024, петок, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата. 

Редовна наплата ќе се врши на:

- Зона А0- Водно, 

- Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и 

- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза. 


ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита празникот 2 Август Илинден