ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на зоните Д4, Д6, Д7 и Д9 навремено да го регулираат својот статус: станари, вработени, правни и физички лица. 

За таа цел, потребно е да достават комплетна документација во канцеларијата на контакт центарот- Аеродром, лоциран позади ТЦ Бисер, секој работен ден од 08:00-21:00ч. 

Корисниците кои веќе имаат активна дозвола за паркирање на наведените зони, а во меѓувреме имаат одредени промени во документацијата, ги молиме да направат замена на старите документи со нови.

Исто така, апелираме и до останатите корисници на час паркирање, при секое користење на паркинг услугите, потребно е да испратат СМС порака на телефонскиот број  144 144. 

Напоменуваме дека службите на претпријатието вршат зачестени контроли, а доколку корисниците навремено не го регулираат нивниот статус, ќе започнеме со санкционирање т.е.

поставување блокатор на тркало.