НАБАВЕНИ НОВИ КАНЦЕЛАРИСКИ РАБОТНИ СТОЛИЦИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СИТЕ НАПЛАТНИ КУЌАРКИ

 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, набави нови работни столчиња за сите вработени во наплатните куќарки, кадешто имаше потреба за тоа.После опремувањето на наплатните куќарки со инвертер клими, старите истрошени и нефункционални столчиња се заменети со нови, со што на вработените им се подобрени условите за работа.ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува да работи на унапредување на претпријатието. После долги години се подобруваат условите за работа на работниците на терен во претпријатието, а паралелно со тоа интензивно се работи и на подобрување на условите за корисниците на паркинг услугите.