ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Ја известуваме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, и годинава организира втора по ред крводарителска акција под мотото „Даруваме крв – спасуваме живот“.

Крводарителската акција, ќе се одржи на 12 мај 2023 година (петок) со почеток во 9 часот наутро во деловните простории кои се наоѓаат на приземје во катната гаража „Беко“, а ќе биде спроведена од страна на здравствениот тим на Институт за трансфузиона медицина во соработка со Црвен крст.

Оваа акција е со цел да се помогне на луѓето на кои им е потребна крв, за да останат во живот, бидејќи потребата од крв е универзална.

Освен вработените во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кон оваа крводарителска акција можат да се приклучат и други граѓани коишто се во можност и имаат желба да даруваат крв.

Пријавување за дарување на крв може да се изврши на следниот контакт телефон - 070/696-589