Од 1.6.2025 започнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање- зонско на ЈП „Градски паркинг“- Скопје


Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1.6.2025 (недела), започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

-          Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Им препорачуваме на сите корисниците на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време. Наплата за час паркирање  може да се изврши преку: СМС порака, греб картичка, скенирање бар код и преку мобилната апликација: parking.mk