СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА ТРИ ЛИФТА ВО КАТНАТА ГАРАЖА „БЕКО“

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја известува јавноста дека од денес трите лифтови со кои располага катната гаража „Беко“ се во функција.


Корисниците на катната гаража можат своите возила да ги паркираат од кат -2 до кат 7 и притоа за симнување, или качување да ги користат лифтовите.


Раководството на претпријатието продолжува секојдневно да работи на подобрување и унапредување на условите за користење на јавните паркиралишта со кои стопанисува.