Нов, дополнителен шалтер за наплата на паркингот во Клинички центар „Мајка Тереза“

Ги известуваме корисниците на услугите на ЈП „Градски паркинг- Скопје“ дека се стави во функција нов шалтер за наплата во Клинички центар „Мајка Тереза“, со цел да излезе во пресрет на барањата на граѓаните.

Денес, 18.7.2022 започнa да работи новиот шалтер за наплата на услугата паркирање на паркингот во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“. Новиот шалтер за наплата е поставен веднаш до постоечкиот на главната каса. Со тоа, граѓаните ќе имаат можнсост да извршат наплата на услугите на вкупно три шалтери, од кои два на главната каса и еден кај ЈЗУ УК Стоматологија. 

Исто така, со цел да излеземе во пресрет на барањата на корисниците и да овозможиме побрз тек на наплатата, покрај новиот шалтер, известуваме дека наплата за услугата може да се изврши на два начини: во готово и безготовински со платежна картичка. 

Дополнително, ги потсетуваме корисниците дека за наплата на услугата паркирање може да ги користат и двата паркомати кои се поставени на паркингот кај  „ЈЗУ УК за Гинекологија и акушерство“  и кај „ЈЗУ УК за Инфективни болести“ и најавуваме дека во тек е постапката за поставување на дополнителни два нови паркомати. Со тоа, очекуваме побрз тек на наплатата и намалување на метежот пред шалтерите за наплата.

Апелираме до корисниците да не ги паркираат автомобилите пред шалтерите за наплата за да не се предизвикува метеж на главната улица.