ПОСТАВЕН СООБРАЌАЕН ЗНАК НА БАРАЊЕ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ



ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и корисниците на паркинг услугите, особено на паркингот во клиничкиот центар Мајка Тереза, дека на главниот влез поставен е сообраќаен знак за забрането свртување на лево.

Нашите  корисници се соочуваа со метеж при влез во паркингот, што се создаваше поради забрането свртување на лево, кај главниот влез.

Претпријатието се обрати до Секторот за безбедност на патен сообраќај при МВР, со барање да се обнови сообраќајниот знак, од каде стручните служби,

во заедничка соработка со ЈП Улици и Патишта и ЈП Градски паркинг- Скопје, излегоа на терен и веднаш поставија сообраќаен знак.

Апелираме до граѓаните и корисниците на паркинг услугите да ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација. На тој начин ќе допринесат за намалување на сообраќајниот метеж особено при влез во паркингот.