ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДГОВОР НА СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

На седницата на Советот на Град Скопје, одржана на 10.03.2022 год., кон Директорот Христовски беа поставени прашања од страна на советничката Марија Андоновска, во врска со состојбата на претпријатието пред тој да биде назначен и сега, што е преземено од негова страна за решавање на проблемите и краток опис на проектот Паметен Град, за кој граѓаните не се информирани, а потрошени се 380.000 евра од касата на Град Скопје, во време на владеењето на претходниот Градоначалник Шилегов.

Директорот Христовски даде детален одговор и ги информираше присутните и граѓаните дека претпријатието било во многу лоша финансиската состојба. Акумулираните обврски беа на износ од 33 мил.ден, а состојбата на сметката била 25мил.ден. Сега, по неполни два месеци од неговото раководење обврските се намалени на 28мил. ден. , а состојбата на сметката е на износ од 27 мил ден.

Во врска со вработените, Христовски истакна дека во изминатиот период изречени се повеќе предупредувања за непочитување на работниот ред и дисциплина, како и тоа дека спроведени се дисциплински постапки против лицата кои продолжија со наведените прекршувања. Исто така, се направи кадрово преструктурирање со цел поголема ефикасноста и подобрување на услугите, а се воспостави ред и дисциплина со зголемата контрола од страна на службите за внатрешната котрола. Истакна дека се воведе и дисциплина во делот на користење на  службените возила, кои сега се користат само во текот на работното време за работни цели, а нема ни зелени картони, како што бил случајот претходно. Сега ги нема ни списоците со возила кои не плаќале паркинг услуги,  а наплатата за час паркирање е многу зголемена како резултат на засиленте контроли на терен.

Понатаму, Директорот додаде дека со доаѓањето наиде на ниско ниво на хигиена на сите паркиралишта и од тогаш редовно се спроведуваат акции за чистење, што драстично ја  подобри состојбата. Информираше дека периодов се врши замена на осветлувањето во двете катни гаражи, за кои верува дека до сега не биле заменети.

Во однос на паркингот на клиничкиот центар, што е повеќе годишен проблем, Христовски информираше дека изминатиот период остварени се состаноци со Министерот за здравство и со Директорот на ЈУ од областа на здравството. Наша заедничка цел е да најдеме најсоодветни решенија, а се до тогаш, ние ќе направиме прераспределување на дел од вработените од секторот пајак во секторот јавни паркиралишта, од причина што секторот пајак периодов бележи драстично намалена работа, а јавните паркиралишта, особено клинички центар, имаат потреба од повеќе персонал. Со тоа ќе овозможиме подобрување на услугите и помош на корисниците при паркирање и наплатување.

Христовки, информираше декаСекторот пајак периодов работи со мал интензитет, за што доказ се споредбените бројки од истиот период лани и оваа година. Ако за 2021 год, за месеците јануари, февруари и март биле подигнати 651, 700 и 808 возила последователно, за оваа година имаме 349, 289, и 36 возила за месец март заклучно со вчерашниот ден. Исто така, додаде дека ЈП Паркинзи на Општина Центар, периодов работи под полна пареа. Поголем дел од возилата се отстранети по налог на службени лица од СВР, каде ние не би можеле да влијаеме. Исто така, јавно ги повика началникот на СВР- Скопје и Директорот на Бирото за јавна безбедност на состанок, за што веќе писмено се имаме обратено, но немаме одговор.

На крај, за проектот Паметен Град, Христовски истакна постои апликација за паметно паркирање, но Градски паркинг нема бенефит од проектот. Инсталирани се 100 паркинг сензори на паркингот кај ЗОО, постои апликација поврзана со google maps, но ништо од тоа не се користи и ние немаме бенефит. Проектот бил воведен и платен од страна на претходниот Градоначалник.