РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека поради одржување на самитот на ОБСЕ во Скопје на ден 30.11. и 1.12.2023 ( четврток и петок) и следејќи ги препораките на Владата на РСМ, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во среда, 29.11.2023 ќе се врши редовна наплата и контрола до 12:00 часот, а во четврток, 30.11.2023 нема да се врши наплата.
На јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември ќе се врши наплата во среда, 29.11 и четврток, 30.11.2023 до 12:00 часот.
Редовна наплата ќе се врши на:
- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза и
- Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“
Исто така, следејќи ги препораките на Владата на РСМ, административните простории на претпријатието и канцелариите: Центар, Аеродром, Карпош и Илинден, во среда 29.11.2023 ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а четврток 30.11.2023 е неработен ден.