Христовски- Стефковски одржаа работна средба со цел Предлог- Решение за решавање на проблемот со паркирање во Автокоманда


Утрово, во просториите на општина Гази Баба се одржа средба помеѓу работните групи од општина Гази Баба и ЈП Градски паркинг- Скопје, со цел изнаоѓање на решеие за сообраќајот во мирување во населба Автокоманда.

Покрај работните групи, на состанокот присуствуваа и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје Бојан Христовски.

Следните денови, двете работни групи интензивно ќе работат на креирање предлог- решение, по што ќе започне теренска анкета на граѓаните на Автокоманда.