ЗАПОЧНУВА ДЕТАЛНО ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ ПАРКИРАЛИШТА – ДЕНЕС ЕКИПИТЕ НА ТЕРЕН КАЈ ГЛАВНА ПОШТА И МЕЃУГРАДСКА АВТОБУСКА СТАНИЦА

Денес екипи на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, започнаа со генерално пролетно чистење на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Утрово се чистеа јавните површини наменети за паркирање- зонско, кај меѓуградската автобуска станица, како и кај главната пошта.

Исчистени се обележаните паркинг места од смет, како и просторот околу нив. Оваа пролетна акција продолжува во наредните денови и на останатите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.