Известување за летно работно време

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.06.2018 година

започнува летно сметање на работното време на јавните површини

наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.


Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги

да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање

согласно наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување.