Известување за промена на работното време на зонско

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2024 год. (вторник) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

-          Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

-          Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На  јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

-          Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.